
2025-03-30
Честит Рамазан Бајрам!
Црвениот крст на РСМ, на сите припадници од исламска вероисповед кои го слават празникот Рамазан Бајрам им го честита празникот. Нека овој свети празник донесе благосостојба, здравје и среќа во вашите домови и во вашите срца. Нека вашите молитви бидат прифатени, а вашите желби исполнети со Божјиот благослов.
Во овие денови на празнување и благодарност, нека се потсетиме дека вистинскиот дух се состои во споделувањето на радоста, доброто и милосрдието со оние што имаат потреба. Со тоа ја создаваме силната врска на солидарност и хуманост која го прави нашето општество појако и покомплетно.